Утрински Весник
Свет

Четворица повредени во несреќата во Хрватска се враќаат во Полска

Полскиот министер за здравство Адам Ниџилски соопшти дека четворица повредени во тешката несреќа во Хрватска, во која загинаа 12 лица, се враќаат во Полска.

dobivaj vesti na viber

„ Полската држава не ги остава своите граѓани без помош. Заедно со полската делегација во Варшава се враќаат четворица повредени во трагичната несреќа во Хрватска“, објави Ниџилски на Твитер.

Несреќата на полскиот автобус во кој имало 44 луѓе – 42 патници и двајца возачи, се случила вчера утрото околу 05:25 часот на автопатот Горичан-Загреб, во близина на градот Брезница.

12 лица го загубија животот, а 32 се повредени.

Можете да прочитате

Лагард: Последиците од војната со Иран ќе бидат долготрајни

Руски воен авион падна над Крим, загинаа 29 лица

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција