Утрински Весник
Македонија

Четворица кичевци не го почитувале полицискиот час

Четворица кичевци не го почитувале полицискиот час

Кичево, 2 април 2020 (МИА) – Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид , каде што е и Кичево е стабилна. Изминатово деноноќие,  во периодот од 21 часот на 1 април до 7 часот на 2 април, четири лица во Кичево не ја почитувале мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.

-Нема  собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, ни сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Тој додаде дека се извршени 61 контрола на евидентираните лица со решение за изолација од кои четири во Кичево. Спроведени се 286 контроли врз лицата во самоизолација , од кои две лица се од Кичево.

Полициските службеници извршиле и 107 контроли на угостителски објекти. рз/вг/

Фото:МИА архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Истрага против шест лица за запленетата марихуана која во Србија стигнала преку Струмица, Скопје и Свети Николе

Јаневска: Kонструктивните предлози за високо образование ќе бидат прифатени

Претседателката бара нов закон за помилување – Сегашниот е нелогичен