Американецот Џои Честнат по 13-ти пат во 14 години стана шампион во јадење хот-дог, откако изеде неверојатни 75 во само 10 минути, победувајќи го најблискиот конкурент за дури 33 хот-дога!
Ова е „традиционално“ натпреварување кое се оддржува на американскиот Ден на независноста, а Честнат уште еднаш докажа дека нема конкуренција, рушејќи го својот рекорд од 74 хот-дога. Тој изеде 12 хот-дога во првата минута и имаше просек од 7.5 хот-дога во една минута, заработувајќи 10.000 долари за победата.
„Не беше лесно. Знаев дека имам брз почеток, а морам да ги пофалам и готвачите дека направија добри хот-догови“, изјави Честнат за „ЕСПН“.
Мики Судо беше шампионка кај дамите по седми пат едноподруго, јадејќи 48.5 хот-дога.
> Честнат пак е шампион во јадење хот-дог – 75 за само 10 минути (.) <