Утрински Весник
Македонија

Честитка од Џафери по повод Божик со желби за спокој и колективен напредок

Честитка од Џафери по повод Божик со желби за спокој и колективен напредок
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

 

Претседателот на Собранието Талат Џафери испрати честитка до сите православни верници по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик.

„Дозволете од свое лично име и од името на пратениците во Собранието, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Божик. Ви посакувам добро здравје, душевен мир, спокој, личен и колективен напредок. Празникот нека биде уште една причина повеќе да споделувате убави празнични моменти со вашите најблиски и најдраги, секогаш водејќи се од мислата на скапоценоста на среќата и топлината што ја наоѓаме во сопствениот дом“, се вели во честитката на Џафери.

Во неа се додава дека со празнувањето на Божик се слави добронамерноста и правењето на добри дела, солидарноста, хуманоста и љубовта.

„Се слави вербата дека годината што ја оставивме зад себе, ни овозможи да согледаме колку е кревок човековиот живот и колку е значајно единството и меѓусебната поддршка. Се слави надежта дека во новата година, нема да бидеме ставени пред други предизвици кои го отежнуваат нашиот пат кон светла иднина“, стои во честитката.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен