Утрински Весник
Македонија

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Пендаровски: Земјата сега не е само дел на голема воена алијанса, туку и на системот за размена на информации

Скопје, 18 април 2020 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и сите православни верници, и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско-методистичката црква во државата.

– Од сè срце посакувам празникот на Христовото воскреснување да го поминете во добро здравје, мир, радост и неизмерна љубов. Нека празникот на светлината придонесе да ги отвориме нашите срца и да ја зацврстиме нашата вера и оптимизам, мотивирајќи нè на духовни подвизи и на благородни дела. Велигденското празнување годинава ни доаѓа во период кога целиот свет се соочува со една од најголемите закани за човештвото. Затоа мораме да останеме внимателни и дисциплинирани, преземајќи ги сите мерки на претпазливост и почитувајќи ги сите препораки во борбата со КОВИД-19. Токму Христовата победа над смртта нека ни биде инспирација и надеж да истраеме пред предизвикот и да излеземе како победници. Светлината на Велигден нека ни дава сила и верба во искушенијата со кои се соочуваме, се вели во честитката од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сушниот и топол период продолжува во Македонија, постои опасност од појава на нови шумски пожари

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин кој беше на лекување во Виена 

Мицкоски, Мисајловски и Агелер во посета на касарната „Јане Сандански“ – Штип