Утрински Весник
Македонија

Честитка од директорот на КОВЗРГ Сотировски по повод католички Велигден

Честитка од директорот на КОВЗРГ Сотировски по повод католички Велигден

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Даријан Сотировски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово упати честитка до Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов, до свештенството и монаштвото на Католичката црква во нашата држава и до сите граѓани од католичка вероисповед.

– Живееме тешки денови, период во кои животот на луѓето е во сериозна опасност насекаде во светот. Сочувствувајќи со заболените и семејствата на жртвите, Ви упатувам и благодарност за принесените молитвите за спас на светот од смртоносниот вирус. Христовото Воскресение кое го очекуваме е потребната светлина која ни недостасува во овој мрачен период. Тоа е раката за спас на човекот, тоа е изворот на животот и она кое на животот му дава смисла, се вели во велигденската честитка.

Сотировски во честитката, како што се наведува, испраќа искрени честитки по повод големиот празник од името на сите македонски граѓани.

-Испраќајќи Ви искрени честитки по повод големиот празник од името на сите македонски граѓани, се потсетувам на зборовите полни со надеж и охрабрување на Св. Папа Јован Павле II кој вели: „Не се впуштајте себеси во очај. Ние сме Велигденски луѓе и алелуја е нашата песна“ . Христос Воскресна !, стои во честитката од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски. мд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Спасовски со честитика за 55 години постоење на Хеликоптерската единица на МВР

Таравари итно хоспитализиран: Доживеав ненадеен колапс

Една година од убиството на малата Вања Ѓорчевска