Утрински Весник
Македонија

Честитка од градоначалникот на Кичево Дехари по повод христијанскиот празник Велигден

Честитка од градоначалникот на Кичево Дехари по повод христијанскиот празник Велигден

Кичево, 19 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, по повод христијанскиот празник Велигден упати честитка до граѓаните.

Почитувани сограѓани – Христијани, дозволете ми по повод христијанскиот празник Велигден, да Ви посакам од длабочината на моето срце, овој празник да ве затекне во добро здравје и убаво семејно расположение. Традицијата на славење на овој голем празник и сите негови белези, нека и годинава бидат во духот на подадената рака, разбирањето и љубовта меѓу сите луѓе во нашата општина.
Во домовите на сите граѓани во Општина Кичево, нека завладеат слогата, хармонијата и сите семејни вредности, а деновите на празнување нека бидат исполнети со радост и среќа. Со вера, љубов и надеж во нашите срца и души, да бидеме подобри луѓе и да дадеме свој придонес за посреќни семејства и понапредна општина, во која секој ќе се чувствува задоволен, среќен и исполнет, сите без разлика .Нека Ви е честит и вековит Велигден, се вели во честитката на градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари упатена до граѓаните од христијанска вероисповед. рз/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор