Утрински Весник
Магазин

Ченинг Тејтум и Џена Деван го продаваат својот поранешен дом

Ченинг Тејтум и Џена Деван го продаваат својот поранешен дом

Две години по разводот, Ченинг Тејтум и Џена Деван го огласија нивниот поранешен дом во Беверли Хилс на продажба.

41-годишниот актер ја купи куќата во 2015 година додека беше во брак со Деван, за 6 милиони долари.

Sвездата на „Меџик Мајк“ бара 6 милиони долари за домот сега, па дури и ако се продаде за бараната цена, тие се соочуваат со загуба кога ќе бидат земени предвид трошоците за реновирање, трошоците за транспорт и давачките за недвижнини, според The Dirt.

 

Во 2018 година, Ченинг и Џена споделија иста објава на Инстаграм за да соопштат дека се разведуваат, не оставајќи простор за шпекулации во медиумите. Двете ѕвезди, кои заедно имаат една ќерка, објаснија дека животот ги води по различни патишта, но дека ќе останат посветени родители.

Можете да прочитате

Викенд предизвик: ѕвездите носат јасност и храброст

Светската DJ супер-ѕвезда HUGEL пристигнува во Скопје за спектакуларна ноќ во Арена „Борис Трајковски“!

Суеверие старо со векови: Зошто петок 13-ти ги плаши луѓето ширум светот