Утрински Весник
Спорт

Челси преговара со играчите за намалување на платите

Челси преговара со играчите за намалување на платите

Лондон, 18 април 2020 (МИА) – Раководството на Челси преговараше со играчите за намалување на платите за најмалку 10 отсто. Според „Дејли мејл“, лондонските фудбалери се склони да се согласат на ваков потег, но има разлики во однос на процентот на пари.

Некои од поискусните играчи се обединети во идејата да му помогнат на клубот, за кој се очекува да заштеди околу 8-10 милиони фунти. Челси се надеваше дека ќе ја намали платата на своите играчи за 30 отсто, но сега тие се подготвени за компромис за да постигнат договор.

Сопственикот на клубот Роман Абрамович и клубот се меѓу најактивните од почетокот на кризата во нивните напори да помогнат. Хотелот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон е отсапен на здравствените работници, а истото беше направенои со друг хотел.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра