Новиот тренер на Челси, Томас Тухел, ги предводеше „сините“ до трета победа во низа, откако кај „фенерџијата“ Шефилд јунајтед славеа со 2:1.
Челси, во новиот систем на игра, повторно доминираа во поседот на топката, со над 60 отсто, но во првото полувреме немаше многу шанси, освен таа на Бурк за домаќините уште на стартот на мечот. Единствениот удар на голот во првото полувреме беше во 43. минута кога Тимо Вернер го најде Мејсон Маунт, кој ја продолжи одличната форма со нов гол.
Во второто полувреме, Антонио Ридигер си постигна автогол во 54. минута од мечот за израмнување на 1:1, но само четири минути подоцна Ремсдејл го собори Вернер во шестнаесетникот, а Жоргињо беше сигурен од белата точка.
> Челси на Тухел сврза три победи во низа <
Извор: Makfax