Утрински Весник
Спорт

Челси испушти победа во 97.минута, Вотфорд испадна од Премиер лигата

Фудбалерите на Челси ремизираа со Вулверхемптон пред очите на новиот газда, додека Вотфорд повеќе нема шанси за опстанок во лигата. Попладнево, во 36.коло победи забележаа Астон Вила и Брентфорд.

Новиот газда на Челси Тод Боили ја виде најдобрата партија на Ромелу Лукаку оваа сезона, но ниту неговите два гола не беа доволни да се победи Вулверхемптон.

Тринкао намали на 2:1, а оди во 97.минута ги постави конечните 2:2.

Со голот на Заха од пенал, Кристал Палас го победи Вотфорд и го испрати во Чемпионшип дивизијата. Покрај Вотфорд од Премиер лигата веќе испадна и Норич.

Можно е третиот тим кој ќе ја напушти елитата да биде Барнли. Денеска, Барнли загуби на домашен терен од Астон вила со 3:1. Инс, Буендија и Воткинс и донесоа на Вила недостижна предност.

Брентфорд уверливо со 3.0 го победи Саутемптон.

> Челси испушти победа во 97.минута, Вотфорд испадна од Премиер лигата <

Можете да прочитате

Поднесена е жалба до Европската комисија против ФИФА поради цените на билетите за Светското првенство

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот