Утрински Весник
Спорт

Челси го нуди Зијеш на Лидс и се надева дека ќе го добие Рафиња

Англискиот премиерлигаш Челси е подготвен да го понуди својот фудбалер Хаким Зијеш на Лидс Јунајтед во замена за Рафиња, пишуваат медиумите на Островот.

Покрај Челси, за Рафиња се интересираат и Барселона, Арсенал и Тотенхем. Раководството на Челси се надева дека понудата со Мароканецот Зијеш може сериозно да биде разгледана на „Еланд Роуд“, по што Рафиња би се преселил на „Стемфорд бриџ“.

За Хаким Зијеш се интересира и италијанскиот калчолигаш Милан.

> Челси го нуди Зијеш на Лидс и се надева дека ќе го добие Рафиња <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен