Утрински Весник
Спорт

Челзи го посакува Ноер, Лампард бара купец за Кепа

Челзи го посакува Ноер, Лампард бара купец за Кепа

Лондон, 27 март 2020 (МИА) – Челзи е многу заинтересиран за голманот на Баерн Минхен и германската репрезентација, Мануел Ноер, јавува „Билд“. Според германскиот весник, единицата“ на Баварците е се поизвесно дека нема да потпише нов договор за останување на „Алијанц арена“ и покрај долгите преговори.
Актуелниот договор на Ноер со Баерн Минхен е до наредното лето, меѓутоа германскиот првак е очигледно дека дотогаш сака разрешница на ситуацијата, пред голманот да може да замине како
слободен играч, а клубот да не добие ништо.
Менаџерот на Челзи, Френк Лампард би можел да се најде пред сериозен предизвик за ангажман на Ноер доколку најде купец за актуелниот чувар на мрежата на лондонските „сини“, Шпанецот Кепа Аризабалага. сѓд/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026