Утрински Весник
Свет

Чедомир Јовановиќ повторно хоспитализиран

Чедомир Јовановиќ повторно хоспитализиран

Лидерот на српската Либерално демократска партија, Чедомир Јовановиќ, денеска повторно е хоспитализиран.

Неговата сопруга Јелена Јовановиќ за „Танјуг“ изјави дека тој прво бил примен во ковид-амбуланта, по што бил пренесен во болницата „Драгиша Мишовиќ“, каде што попладнето му биле извршени детални анализи на белите дробови, срцето и стомакот, со цел да се утврдат причините за влошената здравствена состојба.

Тој е сместен во одделот за хирургија.

„Б.92“ објави дека Јовановиќ е свесен, комуникативен и е во стабилна состојба.

Јовановиќ беше позитивен на коронавирус во јули лани и разви тешка пневмонија, поради што беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари