Утрински Весник
Магазин

Чадвик Босман постхумно ќе се појави како Црн Пантер во Марвеловиот „Што ако…?“

Чадвик Босман постхумно ќе се појави како Црн Пантер во Марвеловиот „Што ако…?“

Шефот на „Марвел студиос“ Кевин Фејџ откри дека починатиот актер Чадвик Босман, познат по улогата на суперхерој Црниот пантер, снимил бројни епизоди за серијата на „Дизни плус“.

Босман ја игра анимираната верзија на неговиот иконски лик во антологискиот серијал, која ќе прикаже што ќе се случеше ако поголемите моменти од Марвеловиот универзумот се случеа поинаку.

Овој проект ќе дебитира на стриминг-платформата следната година.

Босман почина во август на 43-годишна возраст по тајна четиригодишна битка со рак на дебелото црево.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

И Netlix поскапе – 24info.mk

Кокаин пронајден кај големи бели ајкули на Бахамите

Научници дојдоа до неверојатни откритија: Човечкото тело како биолошки извор на светлина