Утрински Весник
Спорт

Чави: Само Меси е над Роналдињо

Чави: Системот во Катар функционира подобро отколку во Шпанија

Барселона, 5 април 2020 (МИА) – Легендата на Барселона Чави Ернандез призна дека се восхитува на генијалноста на Роналдињо и само постојаност му недостасувало да биде уште поголем.

– Роналдињо е на нивно на најдобрите. Можеби она што му недостасуваше беше постојаност. За мене, само Меси е над Роналдињо во последните години. Меси е најдобар во историјата. Роналдињо е во групата под него со Феноменот Роналдо и Кристијано Роналдо, вели тренерот на Ал Сад, цитиран од шпанските медиуми

Роналдињо сега е во затвор во Парагвај заради користење на фалсификуван пасош.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали

ПМФЛ: Дербито во Кратово за Шкендија

ЗОИ2026: Прво злато за американските хокеари по пауза од 46 години