Утрински Весник
Спорт

Чави: Разочарани сме, но барам само малку трпение

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, го изрази своето разочарување по ремито без голови против Рајо Ваљекано на стартот од Ла Лига.

dobivaj vesti na viber

„Го разбирам разочарувањето, во нас се полагаа големи надежи. Ќе мора внимателно да го анализираме натпреварот и да видиме каде погрешивме. Продолжувам да верувам во нашиот модел на работа и очекувам резултатите да бидат многу подобри. Рајо Ваљекано се бранеше одлично и не ни дозволи да создаваме шанси. Тажно е затоа што сакавме да им покажеме на навивачите дека сме на вистинскиот пат. Сега само барам трпение“, изјави Чави.

Барселона во второто коло од Ла Лига ќе му гостува на Реал Сосиедад.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина