Новиот тренер на Барселона, Чави, од екипата отпишал шестмина играчи. Петмина може да си одат во јануари, а Лук де Јонг ќе биде вратен во Севилја. Во исто време Чави работи со клупските челници на можните засилувања.
Бразилците тврдат дека Чави ќе го врати во клубот поранешниот соиграч, 38-годишниот Дани Алвеш. Втор што треба да се врати во Барселона е Франциско Тринкао.
21-годишникот оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Вулвархемтон.
Барселона за младиот Португалец на Брага ѝ плати 31 милион евра. Вулвс има можност да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра.
Чеви смета дека Тринкао се вклопува во неговата тренерска филозофија. Побарал клубот да го врати на „Камп ноу“ во зимскиот преоден рок.
Вулверхемптон за заемот на Тринкао платил шест милиони евра. Доколку Тринкао се врати во Барселона, клубот ќе мора му испали засега непозната сума на англискиот клуб.
> Чави побарал Барселона да го врати Тринкао <