Утрински Весник
Спорт

Чави Пасквал: Имаме многу проблеми со повредите

Чави Пасквал: Имаме многу проблеми со повредите
Dik 300x250 mk

Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) ќе се соочи со Романија во првиот натпревар од првиот бараж за Светското првенство следната година. Селекторот на гостите, Чави Пасквал, вели дека Романија има големи проблеми со ростерот, особено на десната бековска позиција.

„Шимицу, Бузле, Гита, Григорас, Нистор и Талмајер. Тоа се ракометари кои многу ќе ни недостигаат. Имаме многу проблеми со повредите, но некако ќе мораме да се снајдеме и да одиграме добар меч. Имаме големи проблеми на десната бековска позиција и по крилата“, изјави Чави Пасквал во пресрет на вечерашниот меч во Скопје.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Романија се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот, а реваншот е на 19 март.

> Чави Пасквал: Имаме многу проблеми со повредите <

Можете да прочитате

Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е Балкански карате-шампион

Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино

Вардар се врати на првото место на табелата