Утрински Весник
Македонија

ЦЈЗ Куманово: Пет заболени и 23 оздравени од КОВИД 19

ЦЈЗ Куманово: Пет заболени и 23 оздравени од КОВИД 19

Куманово, 16 јуни 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје Куманово, во последниве 24 часа регистрира петмина новозаболени од КОВИД 19. Три лица се од Куманово, две лица се од Липково. Денеска e регистран и еден починат пациент од општина Липково.

-Позитивните од Липково се двајца здравствени работници, медицинска сестра од инфективно одделение од општата болница и лаборант во Здравствен дом Куманово, изјави директорот на Центарот за јавно здравје, доктор Ариф Љатифи.

Регистрирани се и 23 оздравени лица, од кои осум се од Куманово, петнаесет од Липково. Денеска, според податоците на јавната здравствена установа извршени се 52 тестирања, од нив 13 се контролни тестови. ам/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Средба на Муцунски со францускиот министер делегиран за Европа, Бенџамин Адад

Вработен во МВР, возел во спротивна насока, па му се заканувал на полициски службеник

Претреси низ Македонија за дела поврзани со детска порнографија