Утрински Весник
Македонија

ЦЈЗ Куманово: Единаесет лица од Куманово, двајца од Липково новозаболени од Ковид 19

ЦЈЗ Куманово: Единаесет лица од Куманово, двајца од Липково новозаболени од Ковид 19

Куманово, 21 јуни 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје Куманово, во последниве 24 часа регистрира 13 новозаболени лица од Ковид 19, соопштија денеска од јавната здравствена установа.

Директорот на ЦЈЗ Куманово, д-р Ариф Љатифи изјави дека 11 од новорегистрираните се од општина Куманово, двајца се од општина Липково.

-И денеска заболените се од познати кластери, изјави Љатифи.

Денеска извршени се 27 тестови, од нив двa согласно епидемиолошки индикации, а 25 се контролни тестови.

Министерството за здравство, информираше дека починати се и двајца пациенти од Куманово. Во ОБ Куманово почина пациент на 51 година, примен на 14 јуни. На 19 јуни почината е пациентка од Куманово на возраст од 40 години, потврдена позитивна на 20 јуни. ам/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Гаши: Газењето на државни знамиња е напад врз сите етнички заедници

Адвокатот Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор