Утрински Весник
Македонија

ЦЈЗ Куманово: Двајца новозаболени од Ковид-19 во Куманово, четворица во Липково

ЦЈЗ Куманово: Двајца новозаболени од Ковид-19 во Куманово, четворица во Липково

Куманово, 24 јуни 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје – Куманово, во последниве 24 часа регистрира шест новозаболени лица од Ковид 19.

Директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи информираше дека две лица се од Општина Куманово, а четири лица од Општина Липково.

– Имаме две новозаболени лица од село Лојане, Липковско. Останатите новозаболени од двете општини потекнуваат од веќе познати кластери, изјави д-р Љатифи.

Починатите две лица на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се од Општина Липково – пациентка на 47години примена на 12 јуни и 59-годишна пациентка примена на 14 јуни.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 на подрачјето на ЦЈЗ – Куманово од почетокот на епидемијата изнесува 709, а активни се 254 случаи. ам/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Како се избира нов папа по смртта на Папата Франциск

Меџити: Ако Таравари сака соработка со ДУИ, не му е местото во Владата

„Културата не е трошок“ – Синдикатот на културни работници утре излегува на протест