Утрински Весник
Македонија

ЦЈЗ Куманово: Во Куманово седум во Липково шест новозаболени лица од Ковид 19

ЦЈЗ Куманово: Во Куманово седум во Липково шест новозаболени лица од Ковид 19
Dik 300x250 mk

Куманово, 25 јуни 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира 13 новозаболени лица од Ковид-19. Од нив, седум се во општина Куманово, шест се во општина Липково.
 
-Сите заболени потекнуваат веќе познати кластери, изјави директорот на центарот, д-р Ариф Љатифи. Денеска, и додаде дека се извршени 56 тестирања, од нив 18 по „Мој термин“, а останатите се согласно епидемиолошки индикации и контролни тестови.
 
Според податоците на Министерството за здравство на подрачјето на ЦЈЗ Куманово, од почетокот на епидемијата Ковид дијагностицирани се 723 лица, а во моментов активни се 268 случаи.ам/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тетовец возел со 3,94 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк, едно лице приведено во Шуто Оризари

Претрес во Тетово, пронајдени дрога и оружје, следува пријава