Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Производствените капацитети во кризните региони од денеска ќе можат да ги изнесуваат своите производи

Буџаку: Општините Дебар и Центар Жупа имаат недостиг од респиратори

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Производствените капацитети во Дебар и Центар Жупа од денеска ќе можат да ги изнесуваат своите производи надвор од кризното подрачје, информираше денеска на прес-конференција диреккторот на Центарот за управување со кризи ЦУК Агрон Буџаку.

– Во Кризното подрачје Дебар и Центар Жупа, неколку пати повторените потреби за производствени капацитети кои не смеат да излезат по одлуката од акциониот план , а во меѓу време од Владата беше дозволено гигантот за гипс Кнауф да може да излезе, денеска се дозволи сите производтвени капацитети од Дебар и Жупа да имаат прво по специјален протокол да извезат продукти, истакна Буџаку.

Директорт на ЦУК инфорираше дека  до Главниот кризен штаб и Министерството за здравство доставиле барање за два респиратори во општините Дебар и Центар Жупа.

-Имаме конкретно барање што ние го доставивме до министерот за здравство, дека во Дебар и Центар Жупа се потребни респиратори, бидејќи во момент на влошување на состојбата на пациентите, ова е медицинско помагало кое во случај на животна опасност ќе ги спаси овие пациенти, појасни денеска Буџаку. бк/ац/

Прес ЦУК Агрон Буџаку

Posted by MИА.mk on Среда, 18 март 2020

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја