Утрински Весник
Свет

Црнoгорска министерка доби 24-часовна полициска заштита поради закани

Црнoгорска министерка доби 24-часовна полициска заштита поради закани

Поради можно загрозување, министерката за образование, наука, култура и спорт на Црна Гора, Весна Братиќ, доби 24-часовна полициска заштита.

Се наведува дека на Братиќ привремено и е дадено обезбедување, сè до процената на Агенцијата за национална безбедност за нејзиното загрозување. Братиќ има обезбедување од 15 февруари, велат од полицијата.

Министерката веќе подолго време е цел на негативна кампања на социјалните мрежи.

На последниот ден од минатата година во Подгорица беше уапсен И.Д. (49), кој ден претходно пред Министерството предводено од Братиќ го попречуваше движењето на службениот автомобил во кој се наоѓаше таа и и се закануваше.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранска револуционерна гарда: Ормускиот Теснец останува затворен по наредба на ајатолахот

Русија ги предупредува граѓаните да не патуваат во Германија

Иран не поставува мини во Ормускиот Теснец, изјави Тахт-Раванчи