Мајнц продолжи со катастрофалниот старт на новата сезона во Бундеслигата, откако на гостувањето кај Унион Берлин доживеа потоп и пораз од 4:0, нивни трет пораз во три кола во германската елита, во кои дадоа само два гола, а примија дури 11.
Ветеранот Макс Крузе го отвори резултатот во 13. минута, Маркус Ингвартсен зголеми на 2:0 на стартот на второто полувреме, по што Унион постигнаа два гола во две минути, преку Фридрих во 63. минута, и Похјанпало во 64. минута.
Ова е прва победа за Унион во новата сезона, а нивниот нов голман, Лорис Кариус не доби шанса да дебитира за клубот од престолнината против својот стар клуб, Мајнц.
> „Црно“ му се пишува на Мајнц – Унион им „подели“ покер <