Утрински Весник
Спорт

Црногорците прогласија крај на сезоната

Црногорците прогласија крај на сезоната

Новиот бран на коронавирусот стави крај на сезоната во фудбалскиот шампионат на Црна Гора. На седницата на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора донесена е одлуката за бидат прекинати натпреварите во сите Првата и Втората лига, а коко и во младинските првенства.

Сезоната во Црна Гора продолжи на 30 мај и до минатиот викенд беа одиграни осум кола. Колото кое требаше да се игра минатиот викенд не се одигра откако неколку играчи на Будуќност беа позитивни на коронавирусот.

Извршниот одбор ја прогласи екипата на Будуќнст за шампион. Будуќност ќе игра во квалификациите во Лигата на шампионите, додека Сутјеска и Искра ќе играат квалификации во Лига Европа.

Од Првата лига испадна екипата на Грбаљ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЕФА и Британските федерации ја отфрлаат реформата на правилото за офсајд

Поповски нов ракометар на Вардар 1961

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда