Утрински Весник
Свет

Црна Гора: Туристите кои се заразени со Ковид-19 ќе бидат третирани на трошок на државата

Црна Гора: Туристите кои се заразени со Ковид-19  ќе бидат третирани на трошок на државата

Во пресрет на туристичката сезона во Црна Гора, здравствените протоколи се финализирани, а Владата донесе одлука за обезбедување на болничко лекување на странските туристи кои ќе се разболат од Ковид-19 за време на престојот во таа земја да се лекуваат на трошок на Црна Гора.

Министерката за здравство, Јелена Боровиниќ Бојовиќ, рече дека се обиделе да го поедностават протоколот и дека на туристите ќе им биде објаснето како да се однесуваат ако почувствуваат симптоми на Ковид-19 или доколку се заразат со коронавирус пренесува „Вијести“.

„Владата донесе одлука туристите кои ќе се разболат од Ковид-19 за време на престојот во Црна Гора и ќе бидат хоспитализирани да бидат лекувани на сметка на државата“, рече таа.

ПЦР тестот, во случај да им треба на туристите за враќање во нивната земја, ќе се изврши непречено во Црна Гора на два паралелни начина – едниот ќе биде организиран со помош на Институтот за јавно здравје на Црна Гора и ќе се изведува бесплатно, а туристите ќе имаат можност да прават тестови и во приватни лаборатории, додаде министерот.

Сите хотелиери ќе треба да одвојат 10 проценти од нивните сместувачки капацитети за можни случаи на Ковид-19, најавија официјалните власти.

Мерката за влез во Црна Гора без тест за граѓаните на Србија, Хрватска, БиХ, Русија, Белорусија, Украина и Албанија останува во сила.

Можете да прочитате

Се преврте туристички брод со 53 патници во Виетнам – Досега се потврдени 28 жртви

Mожен е воен конфликт со Русија и Кина во 2027 година, тврди командант на НАТО

Австралија испорача тенкови „Абрамс“ до Украина