Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Црна Гора најави дека во земјата ќе пристигнат три различни вакцини

Црна Гора најави дека во земјата ќе пристигнат три различни вакцини
Img 7972

Граѓаните на Црна Гора ќе имаат можност да бираат помеѓу вакцините на „Фајзер / Бионтек“, кинеската „Синофарм“ и руската вакцина „Спутник В“, потврди министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Бојовиќ.

Таа кажа дека Владата договорила или е во завршна фаза од договорот за набавка на 250.000 дози вакцини против коронавирус за првиот квартал на оваа година, а првите дози се очекува да пристигнат на почетокот на февруари.

„Прво ќе бидат вакцинирани штитениците во домовите за стари лица и персоналот што работи со нив. После тоа, ќе започне вакцинацијата на лица постари од 80, 75, 70 години, приближувајќи се на 65-годишна возраст, и секако на здравствените работници кои се на првата линија во борбата со вирусот“, рече Боровиниќ Бојовиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Земјотрес со средна јачина ја стресе Турција

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк