Утрински Весник
Свет

Црна Гора: Законот за слобода на вероисповед доби зелено светло

Црна Гора: Законот за слобода на вероисповед доби зелено светло

Предложените измени и дополнувања на Законот за слобода на вероисповед добија зелено светло во Законодавно-правната комисија на парламентот на Црна Гора.

Комитетот со мнозинство гласови се изјасни дека предложените измени и дополнувања на тој закон се во согласност со Уставот на Црна Гора и правниот систем.

По дебатата, министерот за правда, човекови и малцински права, Владимир Лепосавиќ, не одговораше на пратенички прашања.

Пратеникот на највлијателната опозициска партија ДПС, Андрија Николиќ, изјави дека тоа никогаш досега не се случило и дека пратениците се лишени од одговори на прашањата што ги поставиле, објави порталот РТЦГ.

Од 12-те членови на Комитетот, петмина гласале против.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мелони: Италија не сака да војува

Иран нападна складиште за нафта во Оман

ИЕА предлага најголемо активирање на нафта од стратешките резерви во историјата