Утрински Весник
Свет

Црна Гора ги отвори границите за македонските граѓани

Црна Гора ги отвори границите за македонските граѓани

Црна Гора од денеска ги отвори границите за државјаните на Западен Балкан. За влез во оваа земја од денеска е потребен негативен ПСР или серолошки тест.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, вчера изјави дека Црна Гора од денеска ќе ги отвори своите граници за граѓаните на Македонија.

„ Црна Гора ќе ги отвори своите граници со Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и западноевропските земји од утре“, објави Мугоса додавајќи дека епидемиолошката состојба со коронавирусот се подобрува во овие земји.

На крајот на мај Црна Гора прогласи крај на епидемијата на својата територија, а веќе на почетокот на јуни целосно ги отвори границите за граѓаните на државите со активен број на заразени под 25 на 100 илјади жители, вклучително и БиХ, додека границите со Србија, Албанија и Македонија останаа затворени поради лошата епидемиолошка состојба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна

Русија ги брише талибанците од листата на терористи