Утрински Весник
Македонија

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Црна Гора ги отвора границите за Русите и Азербејџанците
Dik 300x250 mk

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за граѓаните на Македонија.

„Црна Гора ќе ги отвори своите граници со Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и западноевропските земји од утре“, објави Мугоса, пренесува Cdm.me, додавајќи дека епидемиолошката состојба со коронавирусот се подобрува во овие земји.

Тој рече дека денеска ќе се одржи електронска седница на Националното координативно тело, на која ќе бидат дефинирани начините за влез во Црна Гора од споменатите земји.

Според него, било решено да се отворат границите со овие земји на барање на туристичката заедница.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ред,чистота и култура. Орце е вистинскиот избор за Скопје, порачува Мицковски

ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарот Исмаили

Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи