Утрински Весник
Свет

Црна Гора воведe полициски час поради коронавирусот

Црна Гора воведe полициски час поради коронавирусот

Во Црна Гора, поради влошената епидемиолошка состојба, воведена е забрана за напуштање на објектите за домување од 21 до 5 часот наутро, изјави директорот на Институтот за јавно здравје, Игор Галиќ.

Забранет е и меѓуградски превоз на патници од петок во 21 часот до понеделник во 17 часот. За компаниите и претприемачите (трговски центри, продавници за чевли и облека, салони за убавина, ресторани, фризерници, обложувалници, угостителски објекти), работното време е ограничено од седум до 18 часот.

Министерката за здравство, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ, рече дека новите мерки ќе важат 15 дена и дека можат да бидат построги.

Посебни мерки ќе бидат воведени во општините Будва и Тиват. Во овие две општини се забрануваат јавни собири, како и работата на компании и претприемачи кои вршат угостителски услуги, а забранета е и работата на продавници со непрехранбени услуги.

Наставата ќе се изведува онлајн.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бомбаш самоубиец уби 10 лица во нигериски ресторан

Израелскиот министер: Го убивме командантот на огранокот на Иранската револуционерна гарда

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран