Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот на земјата.
Донесена е одлука за карантирање на сите лица кои доаѓаат од Србија.
„Со оглед на развојот на епидемиолошката состојба во Република Србија, беше одлучено сите лица кои влегуваат во Црна Гора од таа земја од вечерва да бидат упатени карантин. Црна Гора останува решена да не се затвора за своите граѓани, но стапката на активни случаи во Република Србија, особено во областа долж границата со Црна Гора, бара најстрог епидемиолошки надзор “, се вели во соопштението.
Како што се додава, заради тоа, лицата кои влегуваат во Црна Гора од Република Србија, нема да бидат испратени на домашна самоизолација туку во државен карантин.
Црна Гора донесе одлуки и за задолжително користење на заштитни маски на затворени и отворени јавни места, а забранети се собири во станови на лица кои не припаѓаат на истото домаќинство.
Кафулиња ќе работат до полноќ, а градинките се затворени.