Утрински Весник
Македонија

Црковни свечености по повод „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево

Црковни свечености по повод „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево

Делчево, 24 мај 2020 (МИА) – Со црковни свечености денеска во Делчево се празнуваат заштитниците на градот сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“. Во рамки на активностите се одржа света божествена литургија, како и црковна литија која започна од соборниот храм кој го носи името „Св.Кирил и Методиј“, потоа продолжи низ градските улици се до параклисот „Св.Климент Охридски“, по што верниците се вратија во храмот каде заврши литијата.

Честитајки им го празникот на сите христијани, Отец Атанас Поповски истакна дека сесловенските просветители браќа Кирил и Методиј дале огромен дел од своето време за воведување на сесловенскиот народ во верата.

– Македонските и сесловенски браќа Кирил и Методиј, родени од мајка Марија и татко Лав, се просветители не само на македонскиот народ туку на целиот сесловенски народ. Тие го дадоа своето време кога најпотребно беше народот да влезе во православието и да влезе во верата. Тие проповедаа низ целиот свет затоа се викаат и словенски просветители, истакна Поповски.

Тој им го честиташе празникот на сите кои го носат името на светите браќа.

– Денешниот празник нека ни е за многу години, нека сите кои го носат името им биде вечна слава и на здравје и помош, а на нашето Делчево затоа што ни е патрон празник , нека ни биде за многу години и нека ни помогнат да се извадиме од денешната ситуација. Како што секогаш помагале на народот и сега во вера, во надеж, во љубов ќе излеземе и од ова што го имаме денес, додаде Поповски.

Поради актуелната состојба, сите планирани културни настани по повод празникот посветен на сесловенските просветители солунските браќа Кирил и Методиј, кои се светители заштитници на градот, се откажани од страна на општината. вс/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации