Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Црквата во Франција ќе продава имот за да плати отштета на жртвите на педофили

Црквата во Франција ќе продава имот за да плати отштета на жртвите на педофили
Img 7972

Католички бискупи во Франција денеска се согласија да продадат дел од црковниот имот за да им обесштетат на илјадници жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници.

Црковните власти се под зголемен притисок да им исплатат компензација на жртвите, откако пред повеќе од еден месец беа објавени резултатите на независната комисија, која ја истражува сексуалната злоупотреба на деца во Франција од страна на свештеници и други католички службеници во Франција, објави АФП.

Жан-Марк Сов, кој раководи со независната комисија, рече дека католичките свештеници сексуално злоставувале околу 216.000 деца од 1950 година. Кога на тоа ќе се додадат жртвите на злоупотреба не од свештеници, туку од други луѓе поврзани со црковни институции, како што се католичките училишта и домови, бројката достигнува 330.000 малтретирани деца.

Околу 80% од жртвите се мажи.

„ Последиците се многу сериозни. Околу 60% од жртвите подоцна имаа големи проблеми во приватниот и сексуалниот живот“, рече Сове.

Црквата ќе формира независна комисија за да ја процени оправданоста на барањето, а црквата ќе обезбеди средства за отштета, изјави Ерик де Мулен-Бофор, шеф на Бискупската конференција во Франција.

На денешната конференција присуствуваа 120 членови.

Шефот на бискупската конференција најави и дека црквата во Франција ќе бара заем од банките доколку е потребно и дека од Ватикан ќе биде побарано да испрати набљудувач кој ќе ја следи исплатата на отштетата на жртвите.

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација