Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Црвен крст Кавадарци преку мобилни услужни тимови доставува лекарства до лица кои имаат потреба од нив

Девет лица од Тетовско услужени од Црвен крст за носење на храна, хигиенски продукти и лекови
Img 7972

Кавадарци, 15 април 2020 (МИА) – Волонтери на Црвен крст Кавадарци, како дел од мобилните услужни тимови на организацијата, вршат достава на пакети со храна, хигиенски производи и лекови за социјално загрозени стари лица и лекови за изолирани лица, сместени во хотели на територија на општината, информираа од Општинската организација на Црвен крст Кавадарци.

Дистрибуирани се пакети на најранливи категории на лица, стари и изнемоштени, меѓу кои и на возрасно лице на кое му изгоре куќата и живее во многу тешки услови.

– Исто така вршиме и достава на лекови за лица кои се лекуваат од тешки и други болести, што се доставуваат до нашата организација од волонтери на  ЦКГС, а истите потоа  лично се носат на домашна адреса на лицата  за кои се адресирани, соопштија од кавадаречкиот Црвен крст

.Оттаму нагласија дека целта на нивното  дејствување во овие вонредни  услови е за барем малку да ја ублажат  состојбата на најранливите категории на лица во општините  Кавадарци и Росоман.свд/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник