Утрински Весник
Македонија

Црвениот крст на Македонија се приклучи кон хуманитарната донација за помош на Бејрут

(Видео) Експлoзијата во Бејрут се случила во магацин за пиротехника, десет лица загинале

Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучува кон хуманитарната донација со цел ублажување на последиците и пружање помош и поддршка на настраданото население во Бејрут, главниот град на Либан, по силната експлозија на пристаништето.

Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на:
-Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Либан.
-како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 400.

Средствата можат да се донираат од 07.08.2020 до 20.08.2020 година и истите ќе бидат префрлени на Црвен крст Либан за настраданото население во Бејрут.

Црвениот крст изразува длабоко сочувство за жртвите и нивните семејства во разорната експлозија во Бејрут.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дел од горивата на полноќ поевтинуваат

Мицкоски за евроинтеграцијата: Претходните премиери влегоа во авантура да прифатат нешто без да има гаранција и предвидливост

Конечна одлука за т.н. линеарно зголемување на пензиите не е донесена, велат од Уставниот суд