Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Црвениот крст испрати помош за населението зафатено со пожарите

Црвениот крст испрати помош за населението зафатено со пожарите
Img 7972

Црвениот крст утрово испрати тимови за одговор при катастрофи за логистичка поддршка и прва помош на граѓаните и тимовите кои гасат пожар на територија на општина Пехчево, информираа од таму.

Поради потреба од хуманитарна помош за населението кое е зафатено со пожарите, Црвениот крст на Република Северна Македонија, денес испрати хуманитарна помош во регионот на Берово/Пехчево : 500 пакети со храна, 500 пакети со хигиена, 2592 шишиња вода од 0.5л, ќебиња 400 ком и 50 душеци.

Куманово: 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 200 ќебиња, 2592 шишиња вода од 0.5л и 50 душеци.

За утре како што најавија планирана е дистрибуција на хуманитарна помош за Делчево: 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 2592 шишиња вода од 0.5л, ќебиња 400 ком и 20 душеци. Кочани: 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 2592 шишиња вода од 0.5л, ќебиња 400 ком и 50 душеци.

Тимовите како што дообјаснуваат се од Црвен крст на град Скопје (8 волонтери), Општинска организација на Црвен крст Штип (4 волонтери), Општинска организација на Црвен крст Делчево (4 волонтери), Општинска организација на Црвен крст Кочани (4 волонтери) и Општинска организација на Црвен крст Берово (4 волонтери).

Црвениот крст на Република Северна Македонија ги повикува сите граѓани кои имаат потреба од прва психолошка помош да се обратат на отворените СОС телефонски линии.

Можете да прочитате

Македонска крвава свадба – дигитално реставрирана проекција во рамки на „Сезона на филмски класици“

Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал

Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Вевчани, Струга и Ресен, СДСМ во Лозово, Карбинци и Пробиштип