Утрински Весник
МакедонијаСпорт

„Црвена Звезда“ ја зема во закрила фудбалската надеж Меланија Грозданова

0545b3cf 43d4 4408 80c8 d7efb24bc8a3
Женскиот фудбалски клуб „Црвена Звезда“ од Белград ја зема под своја закрила
12 годишната Меланија Грозданова од Скопје која е голема фудбалска надеж.
Таа веќе неколку години активно тренира фудбал во клубот „Фк-Кул“ во Кисела
Вода,која воедно е дел од Репрезентацијата на Македонија до 15 години, но од неодамна
остави силен впечаток на високи претставници на ЖФК „Црвена Звезда“.
Имено, Меланија пред неколку недели беше дел од познатиот камп „Деки 5“ на
Златибор во Србија, каде што имаше можност да тренира со свои врсници, но со
нејзиниот неверојатен талент и огромна страст кон фудбалот успеа да ги плени
претседателката на ЖФК „Црвена Звезда“, Сандра Сремчевиќ и селекторот на првиот
тим, Дарко Стојановиќ.
Тие во неа препознаа голем потенцијал и без двоумење предложија во иднина да
остане под нивното будно око, да присуствува на кампови и турнири организирани од овој
клуб, затоа што како што истакнаа, таа е особено талентиран играч целосно посветена на
фудбалот и секој тренер и клуб би ја посакал во својот тим.
Меланија во Златибор доби шанса и да изигра пријателски натпревар за тимот на
„Црвена Звезда“, што за неа претставува огромна чест, радост и задоволство,каде што ги
оправда очекувањата на стручниот штаб.
Ова девојче кое има неверојатно топла насмевка и долга руса коса, кога ќе ги
облече копачките се претвора во вистински „Роналдо“ на фудбалските терени. Тоа не е
случајно. Покрај талентот, таа секојдневно се посветува на топката и на својот матичен
клуб, од каде добива голема поддршка и мотивација полека, но сигурно да стигне до
самиот врв. Таа својата енергија, како што вели, ја црпи од своето семејство и од
нејзината сестричка, кои се секогаш покрај неа.
Приказната за Меланија и ЖФК „Црвена Звезда“ треба да биде поттик за младите
девојчиња и момчиња да спортуваат, да вложуваат многу труд во тоа што го работат и да
веруваат во себе и во своите соништа.
Можете да ја следите на нејзиниот инстаграм профил :
https://www.instagram.com/tv/CPyJED4Huxs/?utm_medium=copy_link
Јутјуб канал : https://youtube.com/channel/UC6rlcVnrHq4_kjs8U0ND0fQ
Едно големо браво за нашата Меланија!

Можете да прочитате

Најавен дожд и пад на температурите од 10 степени, еве кога се очекува

ЦУК: Пожарот кај Чучер надвор од контрола, нов пожар во Кучевиште во близина на куќи

Огнот беснее на повеќе локации: Осум активни пожари во земјата до 18 часот