Утрински Весник
Спорт

Циципас: Изолацијата тешко ми паѓа, осамен сум и губам разум

Циципас: Изолацијата тешко ми паѓа, осамен сум и губам разум

Атина, 29 март 2020 (МИА) – Карантинот поради пандемијата од новито коронавирус му паѓа тешко на грчкиот тенисер Стефанос Циципас. Во видео што го постави на Јутјуб каналот, наведува како го поминува денот и  зошто не е со семејството.

– Што правам во карантин? Читам книга. Се обидувам да се образувам, но и да одржам форма. Сепак, имам чувство дека добивам на тежина и тоа навистина се случува. За некои работи не расудувам нормално, како да губам разум. Наредните неколку недели ќе бидат пресудни за мене, порача Циципас кој последниот меч на АТП турот го одигра против Новак Ѓоковиќ на 29 февруари.

Со семејството не е поради, како што рече, недоразбирање.

– Се осамив. Такви работи се случуваат кога сте долго во изолација. Почнувате да разговарате со предмети и да губите здрав разум. Ако се прашувате зошто не сум со семејството, тоа е поради кавгата, пред неколку дена и едноставно се разидовме. Сè уште ги сакам и понекогаш сакам да ги видам, но секогаш е стресно да се биде со нив. Затоа решив да бидам сам, потенцира Циципас. сѓд/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одби да се бори против Израелец – алжирски џудист дисквалификуван од ОИ

Надал за мечот со Ѓоковиќ на Олимпијадата: Веројатно тој е јасен фаворит

Најдобриот во светот загуби, па направи хаос