Утрински Весник
Спорт

Циркус со ВАР на Африканскиот куп – Зеленортските острови стартуваа со победа

Циркус со ВАР на Африканскиот куп – Зеленортските острови стартуваа со победа

Зеленорстските острови со победа стартуваа на Купот на Африка. Во А-групата, Зеленортските острови ја победија Етиопија со 1:0. Претходно, на отворањето на првенството, во оваа група Камерун со 2:1 ја победи Буркина Фасо.

Зеленортските острови ја остварија првата цел во групата, славеа против Етиопија и сега ќе се обидат да освојат некој бод против фаворизираните Камерун и Буркина Фасо и да се пласираат во наредната фаза.

Натпреварот го реши Тавареш во 45 минута.

Пресметката помеѓу двете репрезентации го обележа комичното толкување на ВАР системот од страна на главниот судија.

Во 20.минута, Тавареш тргна кон голот на Етиопија, Бајех како последен човек во одбраната, направи фаул и доби само жолт картон.

Родригеш го изведе слободниот удар, но додека топката патуваше кон голот, судијата тргна да ја гледа снимката од фаулот. Се врати, го поништи голот, а на Бајех му покажа црвен картон.



> Циркус со ВАР на Африканскиот куп – Зеленортските острови стартуваа со победа <

Можете да прочитате

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб

Надал: Никогаш во животот не сум скршил рекет, но да бидам искрен, неколку пати сум сакал

Вардар почнува со Мелсунген дома и завршува со бундеслигашот на гости