Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

ЦИЕС: Винисиус Жуниор е највредниот фудбалер во топ 5 лигите

ЦИЕС: Винисиус Жуниор е највредниот фудбалер во топ 5 лигите
Img 7972

Пуленот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор со вредност од 144.6 милиони евра е највредниот фудбалер во топ 5 лигите во Европа (Англија, Шпанија, Италија, Франција и Германија), според анализата на „ЦЕИС фудбалската опсерваторија“.

Вредноста која ја утврдуваат „ЦЕИС“ се одредува според трансфер-вредноста на фудбалерите, иако во неа не се вклучуваат клаузулите за раскин на договорот.

Зад Винисиус, втор на листата е 21-годишниот талент на Манчестер сити, Фил Фоден со вредност од 152.6 милиони евра, а зачудувачки само трет е норвешкиот ас на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд со 142.5 милиони евра.

Во топ 10 уште се Мејсон Гринвуд од Манчестер јунајтед (133.9 милиони евра), Флоријан Вирц од Баер Леверкузен (133 милиони евра), Џуд Белингам, повторно од Борусија (130.1), Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен (122.3 милиони евра), Рубен Дијаш од Сити (120.5 милиони евра), Педри од Барселона (118 милиони евра) и неговиот соиграч Френки де Јонг (115.2 милиони евра).

> ЦИЕС: Винисиус Жуниор е највредниот фудбалер во топ 5 лигите <

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер