Утрински Весник
Македонија

ЦИВИЛ: Црната пропаганда е закана за демократијата и правото на глас

Дискусија на отворено „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!“

Скопје, 28 февруари 2020 –

Во анализите на долгорочниот мониторинг на ЦИВИЛ се констатира дека продукцијата и ширењето на лажни вести, дезинформации и говор на омраза во медиумите и на социјалните мрежи достигна ниво на индустриски размери. Политичката кампања што ја водат одредени политички субјекти во контекст на изборите е крајно некоректна и деструктивна и претставува сериозна закана за квалитетот на изборниот процес.

Во анализите на говорот на омразата се нотира дека тој е систематски и организиран. Дури и заканата од коронавирусот се злоупотребува во изборен контекст. Во црната кампања се оди и дотаму, што одредени индивидуи од медиумската и универзитетската сфера дури и повикуваат на етничка војна, очигледно одработувајќи во полза на одредени политички партии и центри на моќта во и надвор од земјата.

Со кампањата на одредени политички субјекти и други структури чие основно пропагандно оружје се лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата, се загрозува правото на граѓанките и граѓаните за информиран избор и слободно изразување на волјата во изборните процеси.

Коректното информирање во согласност со професионалните и етичките стандарди паѓа во сенка поради невиденото темпо на хибридните закани против демократијата.

ЦИВИЛ најостро го осудува водењето кампања со лажни вести, дезинформации и говор на омразата во медиумите и социјалните мрежи и ги повикува релевантните организации и институции да преземат итни мерки за заштита на јавноста и јавниот интерес од овие штетни појави.

ЦИВИЛ ја алармира јавноста и институциите дека веќе одамна не се работи само за пристрасност, туку за систематско и агресивно нанесување на ненадоместливи штети по јавниот интерес и загрозување на правото на граѓанките и граѓаните на објективно информирање, особено во период кога тие треба да донесат информирана одлука како гласачи, слободно, без страв и без присила. Затоа, итно е потребна реакција од релевантните институции во земјата, да ги спречат и да ги санкционираат црната пропаганда и лажните вести. Потребна е итна истрага и за начините на финансирање на одредени медиуми од странство за кампања против стратешките национални интереси на Република Северна Македонија.

Воедно, ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да внимаваат од каде и како се информираат, бидејќи е засилена продукцијата на лажни вести и дезинформации.

Во пресрет на изборите, ЦИВИЛ, преку својата медиумска платформа, ќе ги засили напорите во борбата против хибридните закани против демократијата и јавно ќе ги истакнува и разобличува сите случаи на црна пропаганда што ќе ги пријават набљудувачите и граѓанските новинар и.

Исто така, од денеска, ЦИВИЛ ќе почне со подготовка на листа од медиуми, профили на социјалните мрежи и други ентитети што чие дејствување е насочено против добрите изборни практики, демократијата и етиката во јавниот простор во земјата.

Лажните вести, говорот на омразата, корупцијата и кршењето на човековите права може да се пријават (и анонимно) на овој линк.

Цивил – центар за слобода

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Траорно сведоштво на мајка на повредено момче од Кочани: Морав да напуштам работа, од државата немаме никаква помош

Синот на Мицкоски матурираше, премиерот му порача дека од октовмри го чекал на Машински

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Милчо Манчевски за сомнителни трансакции од 950.000 евра