Утрински Весник
Македонија

ЦИВИЛ со осуда за изборните спотови со навредлива содржина

Дискусија на отворено „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!“

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – „ЦИВИЛ“ денеска преку соопштение реагираше на предизборните спотови кои, како што посочуваат, се понижувачки за луѓето, особено за лицата со попреченост и за жените.

– Ваквите спотови можеби не испраќаат директна порака, меѓутоа во најмала рака поттикнуваат создавање на предрасуди и говор на омраза. ЦИВИЛ упатува апел до сите чинители во изборниот процес во иднина да внимаваат какви пораки испраќаат со нивните предизборни пропагандни и медиумски продукти. Навреди, понижување, дискриминација, сексизам се крајно неприфатливи начини на политички натпревар, се наведува во соопштението.

ЦИВИЛ побара од политичките партии кампањите да ги водат фер, демократски и безбедно и наместо црни пропаганди, да ги промовираат идеите кои произлегуваат од нивните програми, за да можат граѓаните да имаат јасна слика за политичките понуди и да донесат одлука за кого ќе гласаат. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МНТ со претставата „Ничија земја“ ќе го отвори новиот европски фестивал „Acting Europe“ – Театар без граници“ во Ќустендил

Почнува кампањата „Катастар до тебе“

ВЛЕН: ДУИ партнер на Левица, за власт ги гази Албанците