Утрински Весник
Македонија

„Цивил“ со остра осуда на говорот на омразата од Константин Плевнеш

Дискусија на отворено „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!“

Скопје, 9 јни 2020

ЦИВИЛ најостро ги осудува нападите, клеветите и заканите кои деновиве Константин Плевнеш, професор во ЕСРА, ги упати до проф. Катерина Колозова и нејзините пријатели. Уште повеќе што ваквото однесување на Плевнеш е нешто што во континуитет поминува неказнето.

Бараме од Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи веднаш да постапат по пријавите на засегнатите личности. Потсетуваме дека неказнивоста на ваквите дела дополнително ги охрабрува сторителите да ги повторуваат своите навистина грозни дела кои од говор на омраза лесно можат да прераснат во дела од омраза!

Апелираме до надлежните да ја сфатат сериозноста на овие постапки и најитно да ги санкционираат оние кои си дозволуваат да малтретираат и јавно да понижуваат кого било.

Потсетуваме дека целиот случај добива поинаква димензија и поради тоа што се работи за јавни личности, во случајов професор, кој би требало да биде пример за своите студенти. Поттикнување на ширењето на говор на омраза, сајбер булингот и клеветењето се неприфатливи за академска личност. За жал, мониторингот на ЦИВИЛ како организација за човекови права, констатира дека е огромен бројот на јавни личности кои се служат со говорот на омразата и ја поттикнуваат јавноста да го прави истото. Институциите мора да ги преземат сите потребни мерки за да се санкционираат, а со тоа и да се намалат злоупотребите на социјалните мрежи од страна на јавните личности пред сè.

Ги повикуваме граѓаните да се охрабрат и да ги пријавуваат случаите на говор на омраза на социјалните мрежи. Тоа може да го сторат на нашата пријава за говор на омраза, но и до надлежните институции како МВР и Јавното обвинителство.

ЦИВИЛ тим за комуникации

_________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување