Утрински Весник
Македонија

ЦИВИЛ: Време е да се покрене вистинска и доследна акција за заштита на работничките права во услови на пандемијата која ѝ зададе силен удар на светската економија

Дискусија на отворено „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!“

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Овој ден е посветен на работничкиот протест и на гласните барања да се престане со нечовечниот и експлоататорски однос кон работничките и работниците, порача ЦИВИЛ во денешната честитката по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.

Центарот за слобода ги повикува синдикатите, граѓанските организации, политичките партии да се вклучат во борбата за социјална правда и работнички права.

-Првата и најголема жртва на економските последици од пандемијата се токму работничките права. Затоа, не е доволна само политичката волја и мерките на владата, туку вклучување на целото општество. Крајно време е да се покрене вистинска и доследна акција за заштита на работничките права во услови на пандемијата која ѝ зададе силен удар на светската економија. Уште поважно од тоа е да не се користи економската криза како изговор за намалување на работничките права, туку нивно унапредување, на сметка на дебелите профити на капиталистите, се вели во честитката на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ ги повикува работничките и работниците да пријавуваат кршење на нивните права, мобинг и дискриминација.бт/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина