Утрински Весник
Македонија

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје: Заострени мерки и нови процедури поради коронавирусот

Се менува методологијата за планирање и подготовка на владината годишна програма за работа

Скопје, 20 март 2020

Почитувани клиенти на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје,

Ве известуваме дека согласно мерките на Владата на Република Северна Македонија за мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19 и прогласената вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија Депозитарот презема заострени мерки за спречување на ширење на коронавирусот и намалување на ризиците за институцијата и нејзините клиенти. Институцијата воведува нови процедури за издавање на извештаи и давање на други услуги.

Мерките се состојат во следното:

Во службените простории на Депозитарот, сметано од 23.03.2020 година, нема да се примаат странки.

Се упатуваат акционерските друштва за добивање на акционерски книги или други извештаи веднаш да започнат постапка за приклучување кон порталот за генерирање на извештаи за издавачи (дистрибутивен систем). Постапката на приклучување е образложена на следниот линк

https://portal.cdhv.mk/HTML/Postapka_za_registriranje_na_izdavac.aspx?IdLanguage=1

Акционерските друштва кои од различни причини не можат да се приклучат на порталот или имаат потреба од издавање други (нестандардни) извештаи, потребно е да ја следат постапката образложена на следниот линк   

 

http://cdhv.mk/News.aspx?lng=1&news=11229

 

Останатите клиенти на Депозитарот:

Изводи од сметки и Потврди за  не/поседување на хартии од вредност, издавање на останати извештаи за сопственици, спроведување на налози, оставински решенија или договори за подарок, или постапување по барање за достава на било какви останати информации ЌЕ СЕ ВРШИ ЕДИНСТВЕНО ВРЗ ОСНОВА НА БАРАЊЕ И СООДВЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ДОСТАВЕНА ПРЕКУ ПОШТА, на следната адреса: Бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.

Во барањето потребно е да се наведе:

  • Идентификациони и адресни податоци за подносителот на барањето
  • Целта за поднесување на барањето,
  • Документацијата што се приложува кон Барањето,
  • Податоци за контакт (телефонски број или e-mail адреса)
  • Доказ за уплата (копија од уплатница) на соодветен надоместок, согласно

Тарифата на ЦДХВ, објавена на веб страната www.cdhv.mk во делот Услуги>>Услуги за сопственици на ХВ>>Надоместоци на било која од банковните сметки наведени во делот „За ЦДХВ >>Банковни сметки.

 Депозитарот ќе достави соодветен одговор по пошта.

Потребната документација за издавање на било која од услугите на Депозитарот се наведени на веб страната www.cdhv.mk, во делот  „Услуги >> Услуги за сопственици на ХВ.

За подетални информации Ве молиме обратете се на телефонскиот број 02/ 3 299 800 или на e-mail адресата cdhv@cdhv.mk.

Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје

_______________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Граѓани чистеле црква во гостиварско Галате, по пријава од Општина Врапчиште дошла полиција

24 годишник од Македонија уапсен поради обид за грабеж во пензионерски дом во Швајцарија

Немил настан утрово во Кавадарци: Ќерка ја нападнала мајка си со тврд предмет