Утрински Весник
Македонија

Центар за јавно здравје: Водата во Крушево е безбедна за пиење

Водата во Крушево е безбедна за пиење, тоа го потврдува испитувањето од месец јуни 2022-ра година.

dobivaj vesti na viber

Центарот за јавно здравје од Прилеп по спроведените испитувања во јуни потврдува дека во водата во град Крушево не се пронајдени бактерии и истата е безбедна за пиење. Центарот спроведе хемиска и бактериолошка анализа и извештајот е доставен до ЈП „Комуна“ Крушево.

„Повикуваме граѓаните да бидат мирни и да се чувствуваат безбедно кога консумираат вода. Водата е испитана и потврдено е дека е безбедна“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево по одредени поплаки и сомнежи од граѓани дека водата за пиење не е безбедна.

Можете да прочитате

Изгалсан Законот за прекршоци – „Безбеден град“ почнува на 1 февруари

(Видео) Голем пожар кај Тутунски комбинат

Пресверт: ДУИ нема да гласа за „Безбеден град“