Утрински Весник
Спорт

Центарот на Никси го тужи својот агент за сума од 58 милиони долари

Центарот на Никси го тужи својот агент за сума од 58 милиони долари

НБА кошаркарот Нерленс Ноел – центарот на Њујорк Никс решил да го тужи својот агент Рич Пол и тоа за сума од 58 милиони долари.

Ноел кој во лигата стигна како еден од најперспективните играчи не ги исполни очекувањата, но се наметна како добар дефанзивец.

Во 2018 година одбил богата понуда од Далас и потпишал договор за многу помала сума со Оклахома, а поради тоа сега на суд бара голема отштета.

Таа година неговиот агент Рич Пол го убедувал кошаркарот да одбие долгогодишен договор со Маверикси (вреден околу 70 милиони долари). Кошаркарот тврди дека агентот одбивал и други понуди во негово име и на тој начин го оштетил за десетици милиони долари.

Тој не е првиот играч кој се пожалил од агентот, кој всушност е добар пријател со Леброн Џејмс.

> Центарот на Никси го тужи својот агент за сума од 58 милиони долари <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ